Одбранбениот фудбалер на Интер, Диего Годин после само една година во Милано би можел да ги напушти „Нероаѕурите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон покажува сериозен интерес за Уругваецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Искусниот дефанзивец пред доаѓањето во Интер го носеше дресот на Атлетико Мадрид и во 2014 година ја освои Ла Лига со „јорганџиите“.
Уругваецот има договор со Интер до 30 јуни 2022 година, но Конте не е задоволен од него и е спремен да го пушти да замине.
Анчелоти наводно лично го контактирал Годин и го убедил да ја прифати понудата од Евертон, па се очекува ова лето да се реализира трансферот.