Дома Фудбал Анчелоти за „Златната топка“: За мене Бензема е најдобриот!

Анчелоти за „Златната топка“: За мене Бензема е најдобриот!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри како би гласал за „Златната топка“, доколку имеш можност тој да избира.

Вчера „Златната топка“ ја доби Лионел Меси, а Анчелоти нема дилема, за него најдобриот е Карим Бензема, кој во официјалниот избор заврши на четвртото место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дали Меси е најдобриот? Јас сум во Реал Мадрид и би гласал само за моите играчи. За мене прв избор е Бензема, Винисисус на второ место, Куртоа на трето, па Каземиро, Крос, Камавинга итн. Секој има свое мислење кој е најдобар, јас го кажав моето: Карим“, изјави Анчелоти.

„Меѓутоа Меси ја освои наградата и тој несомнено е голем фудбалер. За играчите индивидуалните награди за важни, тие се мотивација.  Но штом Бензема не ја освои, не ме интересира кој друг ќе ја добие“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…