Дома Топ вести Англија на нозе: Клоп го носи најскапото засилање во историјата на Ливерпул

Англија на нозе: Клоп го носи најскапото засилање во историјата на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул имаа импресивна сезона и станаа европски шампиони, но Клоп веќе почна да прави планови за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ оваа сезона во Премиер лигата ја имаа најдобрата одбрана предводена од феноменалниот Вирџил ван Дајк и Алисон на голот.

И покрај тоа, најголемата желба на Клоп во летниот преоден рок е да ја засили одбраната со еден од најперспективните стопери, Матијас де Лихт.

„Би ги имале најдобрите стопери на светот. За Де Лихт би било предизвик да игра заедно со Ван Дајк. Кога градите куќа секогаш тргнувате од темелите, а не од кровот“, прокоментира Клоп.

19-годишниот капитен на Ајакс има понуди од пет еврпски гиганти, но последните информации говорат дека неговиот менаџер Мино Раиола преферира да се пресели во Ливерпул или ПСЖ.

Поради тоа реални се шансите Де Лихт на крајот да заврши на „Енфилд“, а за тоа Ливерпул ќе треба да искешира 85 милиони евра и да го направи Холанѓанецот најскапо засилување во клупската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…