Дома Фудбал Англија Англиските медиуми откриваат зошто Мурињо го избркал Гигс од клубот

Англиските медиуми откриваат зошто Мурињо го избркал Гигс од клубот

mourinho gigs

Португалскиот стратег Жозе Мурињо вчера доби отказ во Манчестер Јунајтед после серијата лоши резултати во претходниот период.

Управата на клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да му се заблагодари на Мурињо кој во клубот помина нешто повеќе од две години. Јунајтед оваа година игра далеку под очекувањата, а после поразот од лутиот ривал беше одлучено повеќе да не ги води „ѓаволите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како и во секој клуб Мурињо и во Јунајтед направи неколку работи за кои се уште се зборува.

Откако во летото 2016 година пристигна на местото на Луис Ван Гал една од првите работи кои ги направи беше отстранувањето на легендарниот Рајан Гигс.

Навивачите и тоа како му замерија на тоа, а Мурињо не сакаше да открие поради што го направил тоа. Сега британски „Тајмс“ наведува дека ја открил причината за заминувањето на Гигс.

Гигс до доаѓањето на Мурињо беше прв помошник во клубот она што денес е Мајкл Керик. Сепак, Мурињо му се заблагодарил и му порачал дека нема да биде дел од неговиот стручен штаб поради аферата која ја имал со сопругата на неговиот брат неколку години претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…