Дома Фудбал Останато Ангеловски: Понудив оставка, но претседателот ја одби

Ангеловски: Понудив оставка, но претседателот ја одби

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски за хрватските медиуми потврди дека понудил оставка од тренерското место во Горица, но бил одбиен од раководството на клубот.

Игор Ангеловски се уште нема победа во хрватското првенство со Горица, во седумте меча во кои ја водеше екипата има шест порази и едно реми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Од професионална и морална обврска, почувствував дека морам да одам кај претседателот и да му понудам оставка. Претседателот не го прифати тоа и сега се подготвуваме за Хајдук. Се договоривме за некои работи за тоа како можеме да се обидеме да излеземе од ова. Мислам дека можеме, дека играчите треба да ја разберат ситуацијата“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…