Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Елмас ме уверува дека ќе игра против Косово

Ангеловски: Елмас ме уверува дека ќе игра против Косово

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски изјави дека добил потврда од Елиф Елмас дека ќе игра против Косово на 26-ти март.

Елмас како фудбалер на Наполи е во карантин во Италија, па иако има ситна повреда сепак се очекува да биде спремен за историскиот меч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој има ситна повреда, Елиф ме увери дека во случај мечот против Косово да се игра, тој ќе биде во комбинација за настап, бидејќи неговата повреда не е сериозна“, изјави Ангеловски.

 „Моментално тој е фокусиран на заздравување, а медицинскиот тим на Наполи прави се за да му помогне. Среќен е, а тоа е благодарение на добиените шанси од страна на тренерот Џенаро Гатузо“, додаде македонскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …