Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Порто е како репрезентација на Португалија, бековите се најголема опасност

Алушовски: Порто е како репрезентација на Португалија, бековите се најголема опасност

Вчера Вардар ја запиша втората победа оваа година откако во второто коло од СЕХА лигата во Скопје црвено-црните славеа против Нексе.

Сепак Вардар немаше многу време за прослава и анализа на овој натпревар затоа што веќе во четврток ги чека натпревар против Порто на гости во рамките од Лигата на шампионите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„После тешкиот натпревар со Нексе пред тргнувањето за Португалија одработивме еден полесен тренинг. Сакавме позитивните работи од тој дуел да ни останат во сеќавање и со добра атмосфера да отпатуваме на ова гостување. Мислам дека добро работиме и го анализираме противник, но дали е така ќе видиме во четврток на натпреварот. Ќе имаме еден тренинг на португалско тло и на тој ќе ја финализираме нашата тактика и пристапот на игра. Секако дека натпреварот ќе биде тежок, Порто е како репрезентација на Португалија. Најголемата опасност се нивните бекови, се надевам ќе успееме да ги затвориме“, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа уште во првото квалификациско коло го заврш…