Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Судијата го одлучи патникот во полуфиналето

Алегри: Судијата го одлучи патникот во полуфиналето

Фудбалерите на Јувентус синоќа славеа против Реал Мадрид со 3:1, но тоа не им беше доволно да се пласираат во полуфиналето.

Јуве имаше 3:0 и продолжение, но неколку секунди пред крајот на натпреварот судијата свиреше пенал за Реал Мадрид, а Роналдо беше сигурен од белата точка. После оваа одлука на Мајкл Оливер настана хаос на теренот, а директен црвен картон доби Џиџи Буфон.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Се чуствувам лошо поради играчите кои вечерва беа совршени и направија се во наша корист. Заслуживме најмалку продолжение и верувам дека ќе имавме шанси за пласман. Судијата го одлучи патникот во полуфиналето, а сега не сакам да зборувам за него и пеналот.“ – рече Алегри и додаде:

„Сега сме фокусирани на Скудето и мора да бидеме фокусирани и силни без разлика на ова вечерва. Можам само да кажам дека сум горд на моите играчи, а останатото не сакам да го коментирам.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…