Дома Фудбал Останато Алегри: Сите тактики и шеми се ср*ње, фудбалот е уметност!

Алегри: Сите тактики и шеми се ср*ње, фудбалот е уметност!

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри за „ЕСПН“ даде едно интересно интервју.

Алегри призна дека е голем противник на технологијата која се користи во натпреварите. Исто така, откри и дека воопшто нема лаптоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако се се дигитализира и направи механички тогаш повеќе нема да имате играчи кои мислат, туку роботи. Форсирањето на технологијата го расипува фудбалот. Имам „iPad“, но тој ми го купи Јувентус. На него ги гледам натпреварите и извлекувам статистики, меѓутоа не сум зависен. Имам добро памтење и така водам евиденција за се што се случува на натпреварот во одредени ситуации“.

Италијанецот порача дека еден тренер мора да се води по својот инстикт.

„Сите тие тактики, шеми, сето тоа е големо „ср*ње и треба да се поедностави пристапот и приказната за фудбалот и фудбалерите. Фудбалот не е знаење, фудбалот е уметност“, изјави 52 годишниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…