Дома Фудбал Италија Алегри се појави со нов имиџ: Да го одиграме натпреварот и да одиме на плажа (ФОТО)

Алегри се појави со нов имиџ: Да го одиграме натпреварот и да одиме на плажа (ФОТО)

Јувентус утре го игра натпреварот од последното 38-мо коло во италијанската Серија А на гости против Сампдорија.

Ќе биде ова последен натпревар на клупата на Јувентус за Масимилијано Алегри кој на денешната прес конференција се појави со целосно нов имиџ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алегри одржа конференција во нешто по опуштено издание и најави одредени промени во екипата.

„Шчесни има проблем со коленоти и ќе има важен операционен зафат во следните неколку недели, но ќе биде достапен за утре. Кристиано Роналдо нема да патува со нас бидејќи треба да одмори за репрезентативните обврски кои ги има со Португалија. Вистинско време е да играат оние кои добиваа помалку шанса“.

Пјаниќ се враќа, Матуиди и Бернардески се суспендирани, Марио Манџукиќ направи операција на носот, Сандро има проблем мускулот. Следната година ќе го видите Даглас Коста“, порача добро расположениот Алегри.

„Ако Леонардо Спинацола се опорави, тогаш ќе започне, во спротивно тоа ќе биде Переира“.

Конференцијата Алегри ја заврши со коментар за својата нова фризура.

„После овој натпревар сите можеме да одиме на плажа, кажано ми е да ставам крема за сончање на главата“, заврши Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…