Дома Фудбал Алегри пред Аталанта: Натпревар на две екипи кои сакаат место во топ 4

Алегри пред Аталанта: Натпревар на две екипи кои сакаат место во топ 4

Екипата на Јувентус како што изгледа влегува во добра форма во вториот дел од сезоната, а утре ја очекува натпревар со Аталанта, тим со кој се борат за место во топ 4.

Во првиот дел од сезоната Аталанта го победи Јувентус во Торино. На денешната прес-конференција, Алегри пресметката на овие два тима ја најави како директен дуел за топ 4.

„Ова е директен дуел на две екипи кои сакаат пласман помеѓу најдобрите четири. Затоа ова е и тоа како важен натпревар, но не и одлучувачки. Се уште не знам во каков состав ќе настапиме, денес ќе видам во каква состојба се играчите затоа што во четвртокот игравме натпреварот. Не е исклучено да играме со тројца во нападот (Мората – Влаховиќ – Дибала)“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Аталанта се игра од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…