Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Морам да најдам решение

Алегри: Морам да најдам решение

На Јувентус не му оди на стартот од сезоната, „старата дама“ нема пораз во Серија А, но има четири нерешени натпревари во шест кола и се наоѓа на осмата позиција. Во Лигата на шампионите италијанскиот тим запиша порази во првите две кола од ПСЖ и Бенфика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најмногу критики за лошата форма добива тренерот Масимилијано Алегри и навивачите бараат негово заминување, но тој смета дека мора да го најде решение.

„Се чувствувам како дел од решението, морам да го најдам. Кога прифатив да се вратам знаев дека ќе биде потребно време да се создаде победнички тим, но за жал не очекував да стартуваме со два порази по ред.

Мораме да бидеме на високо ниво во останатиот дел од Лигата на шампионите, поразите се загрижувачки, но нема да имаме корист ако сега зборуваме за тоа“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …