Дома Фудбал Италија Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Алегри: Доколку одиграме вака против Милан тие нас ќе не „уништат“!

Екипата на Јувентус во вчерашниот натпревар во рамките од италијанската Серија А запиша победа над фенерџијата СПАЛ од 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Јувентус ова беше втора победа во низа во која постигнуваат повеќе погодоци, претходно тие славеа против Удинезе на гостински терен со резултат 2:6, сепак тренерот на овој тим Масимилијано Алегри не беше премногу задоволен од прикажаното.

„Против СПАЛ успеавме да победиме, постигнавме четири погодоци, но тоа е екипа од долниот дел на табелата. Доколку одиграме вака во дербито против Милан наредното коло, тие нас ќе не уништат“, изјави Алегри.

Дербито помеѓу Милан и Јувентус се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…