Дома Фудбал Италија Алегри: Во некоја друга сезона веќе би биле шампиони

Алегри: Во некоја друга сезона веќе би биле шампиони

Јувентус во италијанската Серија А има предност од шест бодови и многумина сметаат дека шампионската титулата и оваа сезона веќе е обезбедена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До крајот на сезоната има уште шест кола и поголемиот дел од фудбалската јавност не верува дека Јувентус ќе си дозволи да ја испушти предноста, но Масимилијано Алегри предупредува дека ништо не е решено.

„Јувентус во овој момент има 84 бодови и во некоја друга сезона веќе би биле шампиони. Тоа не е случај во оваа. Наполи се уште има шанси. Нормално е да чуствуваат поголем притисок бидејќи Скудетото е нивната единствена цел“.

„Нема да правиме никакви калкулации. До крајот имаме уште шест натпревари и она што мораме да го направиме е да победиме на четири“, изјави Алегри.

Јувентус утре го игра својот натпревар од италијанското првенство против тимот на Кротоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …