Дома Фудбал Англија Алварез не оди никаде: Потпиша нов договор со Сити за двојно поголема плата!

Алварез не оди никаде: Потпиша нов договор со Сити за двојно поголема плата!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез потпиша нов договор со англискиот гигант.

Освојувачот на Мундијалот во Катар веќе докажа дека се работи за голем потенцијал, а подолг период преговараше со клубот за условите од договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според новата соработка тој треба да остане во Сити до 2028 година и тоа е една година повеќе од претходниот. Место досегашните 50.000 фунти неделно, Алварез ќе добива 100.000 фунти.

„Горд сум, ова е посебен момент за мене и моето семејство. Кога клуб како Манчестер Сити има доверба во вас, се чувстуввате одлично. Ова е клуб кој ги поддржува своите играчи и чувствувам голема поддршка од кога сум тука“, изјави Алварез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…