Баварците обезбедија одлично засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен го заврши трансферот на Серж Гнабри, потврди „Билд“.
Овој извор пишува дека поранешниот фудбалер на Арсенал потпишал три годишен договор со германскиот клуб, откако ги напуштил редовите на Вердер Бремен.
Гнабри после пет години во Арсeнал експлодираше во дресот на Вердер каде што постигна 11 погодоци на 27 натпревари.
Иако се шпекулираше дека ќе заврши во Хофенхајм, Карло Анчелоти успеа прв да дојде до германскиот репрезентативец.
После ова, Даглас Коста е се поблиску до заминување од германскиот клуб, а најблиску до неговиот потпис во овој момент е италијански Јувентус.