Дома Фудбал Ако е вистина тоа што го кажува голманот на Леганес Барса – „не знае да губи“

Ако е вистина тоа што го кажува голманот на Леганес Барса – „не знае да губи“

Во Барса изгледа „не знаат да губат“…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера во Примера се случи нешто несекојдневно – Барселона и Реал Мадрид ги изгубија своите првенствени натпревари во исто коло.

Леганес со пресврт успеа да слави над Барселона (2:1), додека нешто подоцна Севилја го победи Реал Мадрид (3:0.

Кога еден тим ќе изгуби можеме да го видиме вистинскиот дух на играчите и нивните мари при губењето на бодовите, а ако е вистина она што го зборува членот на Леганес такво нешто нема помеѓу фудбалерите на Барселона.

„Ние сме мал, скромен клуб, но секако ни годи кога тимот кој во главно победува изгуби натпревар и спортски им честита на своите противници. Барселона тоа не го направи, на ниту еден наш играч не му беше честитано“.

„Ниту еден играч на Барселона не пријде да се поздрави со нас, мислам дека тоа не е убав гест од нивна страна“, изјави Иван Куелјар, голманот на Леганес по завршувањето на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот крал и кралицата славеа во соблекувалната на Курасао на СП (Видео)

Видеото на кралот и кралицата во соблекувалната по натпреварот на Светското првенство би б…