Дома Македонски спорт Мак ракомет Азербејџан декласиран: Ракометарките победија со 19 голови разлика!

Азербејџан декласиран: Ракометарките победија со 19 голови разлика!

Македонската женска ракометна репрезентација запиша убедлива победа во квалификациите за пласман во мундијалскиот бараж.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нашите ракометарки денес славеа победа против Азербејџан со убедливи 41:22!

Уште од самиот старт ја наметнавме нашата игра и после десет минути игра имавме предност од пет голови разлика со 8:3, за до крајот на првиот дел да стигнеме до предност од 10 гола (18:8).

Во вториот до израз дојде нашиот поголем квалитет, па во еден момент имавме и плус 20 (37:17).

До крајот стигнавме и до 41 гол и победа од 19 гола разлика.

Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска со 11 година, додека Серафимова запиша девет интервенции.

Утре од 18:00 часот ќе го играме натпреварот против Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…