Дома Фудбал Англија Азар тврди: Сари е подобар од Мурињо и од Конте

Азар тврди: Сари е подобар од Мурињо и од Конте

Маурицио Сари ова лето пристигна на кормилото и буквално го препороди тимот на Челзи, па покрај одличните резултати тимот игра прекрасен фудбал.

Назјголемата ѕвезда на Челзи, тврди дека Маурицио Сари е подобар тренер од неговите славни претходници Жозе Мурињо и Антонио Конте.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мислам дека тој е одличен менаџер. Кога играте фудбал, се што сакате е соработка со тренерите кои имаат филозофија како Сари. Тој навистина бара од нас да играме фудбал, во вистинска смислам на зборот, а тоа е нешто што и јас го сакам“, истакна Азар.

Белгиецот со Челзи освојуваше титули во Премиер лигата и под водство на Мурињо и Антонио Конте, но најдобро се чувствува под тренерска палка на Сари.

„Имавме одлични резултати и во минатото и откако сум тука не можам да кажам дека минатите менаџери беа лоши. Но, во смисла на убавината во играта, Сари е дефинитивно подобар од Мурињо и од Конте. Откако сум во Челзи, никогаш не сме играле вака убав фудбал со многу додавања и движење. Имаме добри играчи во тимот, ред е да го искористиме тоа на најдобар начин и за сега ни оди одлично. Сари е тренер кој многу комуницира со играчите. Сака да се шали, а својата работа ја работи страствено. Тој човел навистина искрено се труди да ни го разубави тренингот и да уживаме во се“, додава Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …