Дома Трансфер зона Агентот пристигна на преговори: Де Паул се сели во миланскиот гигант

Агентот пристигна на преговори: Де Паул се сели во миланскиот гигант

Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миланските гиганти Милан и Интер веќе подолго време го следат Аргентинецот, а сега „росонерите“ превзедоа и конкретни чекори за негов ангажман.

Имено, агентот на Де Паул, Аугустин Хименес денес пристигна во Милано на средба со директорите на Милан и ги започна преговорите за трансфер на „Сан Сиро“.

Милан наскоро ќе го продаде Сусо, кој повеќе не е во плановите на клубот, па во Де Паул гледа идеална замена за Шпанецот.

Де Паул може да игра на повеќе позиции во тимот и е идеален за новата формација на тренерот Пиоли, а Милан е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…