Дома Топ вести Агентот на Дембеле во Лондон преговара со Челзи

Агентот на Дембеле во Лондон преговара со Челзи

Челзи спрема понуда за напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле и сака да го донесе до крајот на преодниот рок.

Французинот одби да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, па Барселона го исфрли од тимот и му порача да си најде нов клуб до крајот на преодниот рок.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека агентот на Дембеле, Муса Сисоко бил во Лондон на клучни преговори со Челзи.

„Сините“ веќе имаат договор со играчот, па ќе направат обид да се договорат со Барселона за да го комплетираат трансферот до крајот на преодниот рок.

Доколку не успеат да се договорат со Каталонците, Челзи ќе го доведе Дембеле на крајот на сезоната како слободен агент.

Томас Тухел одлично го познава Французинот, а Дембеле повторно сака да работи со германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …