Дома Останати Австралиската влада се закани: Ако судот го ослободи, Ѓоковиќ повторно може да биде приведен

Австралиската влада се закани: Ако судот го ослободи, Ѓоковиќ повторно може да биде приведен

Австралиската влада го објави одговорот на жалбата на Новак Ѓоковиќ, тој е на 13 страници, а две точки предизвикаа големи реакции во јавноста. 

Ѓоковиќ доби медицинско изземање од задолжителната вакцинација за сите учесници на тенискиот турнир кој започнува на 17-ти Јануари. Неговите адвокати вчера поднесоа документ на 35 страници со кој тврдат дека тој ги исполнува критериумите за изземање од задолжителната вакцинација заради скорешната инфекцијата со Ковид-19, потврдена со позитивен тест од 16-ти Декември.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во одговорот на Австралиската влада објавен на 13 страници, најважна е заканата дека дури и судот да донесе одлука да го ослободи Ѓоковиќ од притвор, тие имаат право повторно да го приведат и дека судската одлука не е никава гаранција дека Австралија нема повторно да го приведе најдобриот светски тенисер.

На Ѓоковиќ му беше одбиен влезот во Австралија откако минатата недела слета во Мелбурн, каде требаше да ја брани титулата на Австралија Опен. По речиси 10-часовното задржување на царината, Ѓоковиќ беше пренесен во имиграциски притвор. а неговиот адвокатски тим ја подготвуваше жабата на одлуката на австралиската влада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ рутински во полуфинале

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Женева, откако со 2:0 го совлада…