Дома Фудбал Англија Абрамович спрема изненадување: Луис Енрике го води Челзи против Барса

Абрамович спрема изненадување: Луис Енрике го води Челзи против Барса

Англиските медиуми пренесуваат интересни информации поврзани со Челзи и тренерот Антонио Конте.

Иако Италијанецот денес истакна дека сака до крај да го одработи својот договор, сепак сопственикот на Челзи Роман Абрамович не е задоволен од Конте и веќе спрема негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија тврдат дека готово сигурно тренер на „сините“ следната сезона ќе биде Луис Енрике, но неговото назначувањето може да се случи порано од предвиденото.

„Ако Луис Енрике е нареден тренер на Челзи, тогаш што се чека? Конте моменатлно не е среќен, клубот не е среќен со него. Луис Енрике е слободен и нема потреба да се одложува“, изјави еминентниот англиски новинар Мартин Самуел.

Енрике е без ангажман откако ја напушти Барселона и наводно се согласил да седне на клупата на Челзи, но прашање е дали ќе се согласи тоа да го направи среде сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…