Дома Топ вести Абидал најави „жешко“ лето на Камп Ноу: Ова се имињата!

Абидал најави „жешко“ лето на Камп Ноу: Ова се имињата!

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, наговести дека каталонскиот тим наредното лето би можел да потроши значителна сума на пари за засилувања.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веќе некое време се пишува за можни засилувања на Каталонците, а Абидал потврди дека Барселона ќе биде многу активна на трансфер пазарот следното лето.

Она што Барселона најпрво сака да го реши е долгорочна замена за Луис Суарез, па Пјер-Емерик Обамејанг и Лаутаро Мартинез ќе бидат приоритети следното лето.

Сепак, каталонскиот тим сака да се засили и во одбраната, па Џошуа Кимих од Баерн е прв на листата, покрај Никола Миленковиќ од Фиорентина, Лукас Клостерман од Лајпциг и Андреас Кристенсен од Челзи.

Фабиан Руиз е одамна на радарот на Барса која сака да го доведе што поскоро, а медиумите тврдат дека Вилијан од Челзи би можел да се пресели на Камп Ноу како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…