Дома Останати Тенис Зверев ѝ се развика на српската судијка: Ги штитите Алкараз и Синер (Видео)

Зверев ѝ се развика на српската судијка: Ги штитите Алкараз и Синер (Видео)

На крајот од третиот сет во дуелот помеѓу Карлос Алкарас и Александар Зверев се случи ситуација која можеше да го преобрати целосно ова полуфинале на Австралијан опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот, имено, водеше со 2:0 во сетови и имаше 5:4 во третиот, кога почувствува болка поради која побара медицински тајм-аут.

Зверев поради тоа ја нападна главната судијка на овој меч, Србинката Маријана Вељовиќ, обвинувајќи ја зошто не го започнала тајмерот за мерење на дозволената пауза.

“Зошто не го започна тајмерот? Во прашање се грчеви, зошто не почне времето?”, викаше Саша на Маријана, а таа се обиде да се одбрани:

„Не можам да знам дали станува збор за грчеви или повреда”.

Германецот имаше „објаснување“ за нејзината одлука.

„Цело време ги штитите овие двајца“, рече мислејќи на Алкарас и Јаник Синер.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…