
Лионел Меси, најголемата ѕвезда во МЛС лигата и според многумина еден од најдобрите играчи во историјата, ќе ја продолжи кариерата во дресот на Интер од Мајами.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што пренесе порталот „Атлетик“, Меси наводно договорил продолжување на соработката со тимот од Флорида.
Легендарниот Аргентинец, кој има 37 години, така ќе остане во клубот и по истекот на актуелниот договор, според кој е врзан за Интер до летото 2025 година.
Не е познато колку долго ќе продолжи Меси да игра за овој тим, но причината зад одлуката е јасна.
Екипата која е во сопственост на Дејвид Бекам, во 2026 година ќе се пресели на нов стадион чија вредност е над милијарда долари, а поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сака Меси да биде предводник на тимот кој ќе започне нова ера на локалниот фудбал.
Фото: Inter Miami/FB