Дома Фудбал „Земјотрес“ на Островот: Палмер го напушта Челси и потпишува за голем ривал на „сините“!?

„Земјотрес“ на Островот: Палмер го напушта Челси и потпишува за голем ривал на „сините“!?

Кол Палмер, ѕвездата на Челси, наводно копнее за враќање во родниот град и би бил отворен за летен трансфер во Манчестер Јунајтед, клуб за кој навивал во детството. Палмер во 2023 година ја напушти Манчестер Сити и се пресели во Лондон, каде што стана клучен играч за Челси, но изгледа дека не е целосно задоволен од животот во престолнината и радо би прифатил можност за враќање на северот на Англија, пишува Goal.com.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако пред две и пол години пристигна од Сити, Палмер за „Сините“ постигна 41 гол и додаде 19 асистенции. Поради тоа, англискиот репрезентативец стана практично „недостапен“ за Челси, и само исклучително висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според „Трансфермаркт“, Палмер вреди 120 милиони евра.

Сепак, како што пишува „Сан“, 23-годишникот го мачи носталгија и би ја поздравил можноста да се придружи на Јунајтед. Палмер се бори и со проблематична повреда на препоните, поради која оваа сезона беше ограничен на само 12 лигашки настапи. Го пропушти и неделниот натпревар во кој Челси го победи Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Проблемите во Реал не стивнуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кој оди…