Дома Фудбал Занети: Лукаку не предаде, разочарани сме од неговото однесување

Занети: Лукаку не предаде, разочарани сме од неговото однесување

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ги коментираше информациите дека напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да се пресели во Јувентус.

– „Лукаку го предаде Интер, разочарани сме. Очекувавме многу поинаков однос од него, како професионалец, но и како човек. Има право да оди каде сака, ќе го прифатевме, но требаше само навреме да се каже за тоа.

Сепак, никој не може да биде поважен од клубот, а кога креирате тим, секогаш треба да размислите кого да ставите во соблекувалната, изјави Занети за „Tuttomercatoweb“.

Претходно беше објавено дека Јувентус ги продолжува преговорите со Челзи за трансферот на Лукаку.

Минатата сезона 30-годишниот Белгиец настапуваше за Интер како позајмен играч. Напаѓачот постигна 14 гола и седум асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. з

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда ја врзува иднината со Гаштаров: нов договор по пробивот во првиот тим

Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена звезда до 2031 година. Македонскиот репре…