Дома Фудбал Зад името на Ламин Јамал се крие емотивна семејна приказна

Зад името на Ламин Јамал се крие емотивна семејна приказна

Младиот фудбалер на Барселона Ламин Јамал (17) стана центар на вниманието по спектакуларната игра против Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот заврши со резултат 3:3, а тинејџерот од Барселона со свои потези на теренот го освои светот.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Постигна спектакуларен гол, двапати удри во рамката на голот и со своите чудесни дриблинзи ги доведе до лудост искусните фудбалери на Интер.

Приказните за суперталентираниот репрезентативец на Шпанија ги преплавија светските медиуми, а една од најинтересните ја донесе шпанскиот „Трибун“.

Шпанскиот портал објави неверојатна приказна за името на младиот ас од Барселона.

На дресот му пишува Ламин Јамал, но ниту едно име кое го носи не потекнува од семејството. Неговото цело име е Ламин Џамал Насрауи Ебана. Насрауи е презиме од таткото, Ебана од мајката, а Ламин Џамал се неговите лични имиња кои ги добил во чест на двајца потполни странци кои ѝ помогнале на неговата фамилија во најтешките моменти.

Ламин и Јамал му помогнале и се задолжиле кај неговиот татко во младоста. Во најтешкиот период од животот му помогнале да не остане без покрив над глава, па се заколнал дека еден ден, ако добие син, ќе го нарече по овие луѓе кои му биле поддршка кога му било најтешко. Добил наследник и го исполнил своето ветување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново „лудо“ ривалство во Европа: По 46 години се вратија во елитата и стадионот од нивниот најголем ривал го дели една улица!

Фудбалерите на Париз ФК со реми од 1:1 против Мартиг во гости го заверија пласманот во прв…