Поранешниот шпански фудбалер и тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алосно, според најавите на познатиот германски новинар Флоријан Петенберг на лето ќе го наследи Карло Анчелоти во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот шпански репрезентативец се поврзуваше со враќање на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на минатата шампионска сезона, но се чини дека претстојното лето е идеално време за враќање во клубот во кој настапуваше на почетокот на минатата деценија.
И покрај тоа што само крајот на сезоната ќе даде појасна слика за резултатите на Анчелоти, убедливите порази од Барселона и Милан веќе оставија дамка на името на трофејниот стратег, а Алонсо во овој момент изгледа како идеално решение.
⤵️ Xabi #Alonso X @realmadrid ✔️🇪🇸 https://t.co/dKML6KpKZD
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) November 15, 2024