Дома Фудбал ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров сигурна против Борец, Арсими славеше во дербито и го прескокна Башкими

ВМФЛ: Македонија Ѓорче Петров сигурна против Борец, Арсими славеше во дербито и го прескокна Башкими

По одигрувањето на 27. коло во Втората македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров и Арсими се покажаа како најголемите добитници во борбата за врвот на табелата.

Лидерот Македонија ЃП немаше проблеми на домашен терен и очекувано ги освои трите бода против последнопласираниот Борец. „Лавовите“ со сигурна игра и конечни 3-0 уште еднаш ја оправдаа фаворитската улога и ја зацврстија лидерската позиција, сега со уште поголема предност на табелата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најмногу од ова коло профитираше тимот на Арсими, кој во дербито на колото беше подобар од Брегалница со 2-1. Со оваа значајна победа, тимот од Чегране се искачи на втората позиција со 57 бодови, три помалку од водечките „лавови“ од Ѓорче Петров.

На Арсими му одеше во прилог и ремито меѓу Башкими и Куманово (1-1), резултат што дополнително ги оддалечи нивните ривали во трката за промоција.

Финишот од сезоната ветува голема драма, особено во борбата за местата што носат директен пласман во Првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт: Сане го напушта Баерн и се сели во Лондон

Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во пос…