Mинистерот за спорт, Борко Ристовски на својот Фејсбук профил денеска објави ракометарите на Македонија биле на прием во Владата на Македонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај приемот Ристовски истакна и дека ветената премија од два милиони денари, сега се зголемува на три.
„Денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, во Владата организиравме прием за нашите херои – машката ракометна репрезентација на Македонија!
Ракометот е спорт број еден во Македонија, ракометарите се наша гордост!
Со овој гест им оддадовме признание за нивната посветеност и борбеност на Светското првенство во јануари.
Ветената премија од 2 милиони денари решивме да ја зголемиме за дополнителен 1 милион денари, така што ракометарите ќе добијат вкупно 3 милиони денари! Им посакуваме многу среќа и победнички дух на утрешниот натпревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2026! Веруваме во вас!“, стои во објавата на Ристовски.