Дома Фудбал Вирц блесна за Ливерпул, па доби парична награда од – милион јени (Видео)

Вирц блесна за Ливерпул, па доби парична награда од – милион јени (Видео)

Ливерпул забележа убедлива победа од 3-1 против Јокохама Ф-Маринозе во пријателски натпревар одигран во рамки на азиската турнеја, а блескаво деби во дресот на „црвените“ имаше новото засилување – Флоријан Вирц.

Младиот германски репрезентативец одигра извонреден натпревар, не само што се запиша меѓу стрелците туку и ја предводеше играта на тимот со самоуверени потези и одлична визија на теренот. Неговата маестрална изведба не остана незабележана – по завршување на мечот беше прогласен за играч на натпреварот.

Како дополнителна награда за неговиот настап, организаторите му доделија и симболична парична награда во износ од еден милион јени, што приближно изнесува околу 5.850 евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…