Дома Фудбал Винисиус: Транспарентот на „Итихад“ ми даде сила и ме мотивираше!

Винисиус: Транспарентот на „Итихад“ ми даде сила и ме мотивираше!

Фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор рече дека истакнувањето на транспарентот на кој е прикажан играчот на Манчестер Сити Родри со „Златната топка“ дополнително го мотивирало да игра добро и да победи во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион Реал синоќа во Англија го победи Манчестер Сити со 3:2, во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. Навивачите на Сити истакнале транспарент на кој се гледа како Родри го бакнува трофејот Златна топка, со порака до Винисиус да не плаче.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Го видов транспарентот. Секогаш кога навивачите на противникот прават вакво нешто, ми даваат повеќе сила да играм одлично, и тоа го направив тука“, изјави Винисијус за Мовистар, ги пренесе „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио во Париз доби една од најбруталните пораки досега: Каква мајка, таков син…

Фудбалерот на Марсеј, Адриен Рабио доби брутални навреди за време на натпреварот против не…