Дома Фудбал ВИДЕО Антони се препороди во Бетис. Мајсторски гол и асистенција во победата

ВИДЕО Антони се препороди во Бетис. Мајсторски гол и асистенција во победата

Бразилецот Антони (24) продолжува да блеска откако пристигна во шпански Бетис. Во натпреварот од 24-тото коло на шпанската Ла Лига, Бетис на домашен терен со резултат 3:0 го победи Реал Сосиедад. Антони заработи пенал, постигна гол и асистираше. Неговата одлична статистика од пристигнувањето во Шпанија сега изнесува четири настапи, три гола и една асистенција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе вторпат ја понесе титулата играч на натпреварот откако го носи дресот на Бетис. Реал Сосиедад остана со играч помалку уште во 20-та минута кога директен црвен картон доби Игор Зубелдија. Во 33-та минута Џовани Ло Селсо не реализираше пенал што го изаработи Антони, но Бразилецот сам постигна гол во 51-та минута со фантастичен волеј.

Во 64-та и 69-та минута два гола постигна Марк Рока, кој Мануел Пелегрини го внесе во игра на полувремето. Реал Сосиедад го заврши натпреварот со девет играчи бидејќи црвен картон доби и Шералдо Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе жестоко ја нападна екипата по поразот на Светското првенство

Шпанија ја победи Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Головите ги пости…