Дома Фудбал Ветеранот Јурај Куцка ќе игра за третолигаш

Ветеранот Јурај Куцка ќе игра за третолигаш

Поранешниот репрезентативец на Словачка и еден од најпрепознатливите фудбалери од таа земја, Јурај Куцка, одлучи да ја заврши својата богата кариера таму од каде што започна – во својот матичен клуб ФК Приевидза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На прес-конференција во градот каде што е роден, 37-годишниот Куцка потврди дека во новата сезона ќе го носи дресот на Приевидза, кој моментално се натпреварува во третата лига на словачкиот фудбал.

“Многу луѓе ме прашуваа за плановите за иднината. Вистината е дека решив да се вратам во Приевидза. Овде започнав да играм фудбал и тука сакам да завршам”, изјави Кучка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ги договори условите со големо засилување, ќе го купи за 80 милиони евра

Барселона е наоѓа пред сериозен чекор во обидот да доведе ново големо засилување за наредн…