
Првите реванш натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите се закажани за вечерва, а Барселона и Ливерпул се соочуваат со сериозни предизвици во надежта дека ќе обезбедат полуфинале во најпрестижното европско фудбалско натпреварување.
И Барселона и Ливерпул по првите натпревари имаат по два гола негатива, и не се знае на кого вечерва ќе му биде потешко.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Барселона гостува кај Атлетико Мадрид, а „јорганџиите“ од Мадрид ги изненадија Каталонците во првиот дуел на Камп Ноу, славејќи со 2:0. Барселона во минатото знаела да направи силни пресврти против Атлетико, но вечерва навистина ќе им треба чудо.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне целосно ја одмори екипата за викендот. Со тоа, стратегиски го подготви целиот тим за натпреварот против Барселона и сигурно е дека ќе следи вистински спектакл вечерва.
Големи проблеми со повредите имаат гостите, кои вечерва ќе бидат без поддршка од Рафиња, Пау Кубарси и Андреас Кристенсен.
Во слична ситуација е и Ливерпул, кој вечерва на Енфилд го пречекува Пари Сен Жермен. Парижаните во првиот дуел ја покажаа својата моќ во текот на сите 90 минути, но на крајот сепак славеа со ‘само’ 2:0.
Резултатот можеше да биде многу по убедлив за Парижаните, а сега на Ливерпул е да се обиде по којзнае кој пат на својот Енфилд да ја искористи страстната домашна публика и да направи пресврт достоен за полуфинале на Лигата на шампионите.
Ливерпул исто така има многу играчи со повреди, но речиси никој од ѕвездите, освен голманот Алисон. Од друга страна, удар за ПСЖ ќе биде отсуството на нивниот клучен играч од средината, Фабијан Руиз.