Дома Фудбал Вечерва финалe пред финале во Лигата на шампионите

Вечерва финалe пред финале во Лигата на шампионите

Вечерва со почеток во 21:00 часот, ПСЖ го пречекува Баерн во првото полуфинале на Лигата на шампионите. Очекуваме вистински спектакл бидејќи двете екипи досега покажаа одлична игра во сезоната. На Паркот на принцовите тие веќе се сретнаа еднаш, во ноември минатата година кога Баерн триумфираше со 2:1. Дијаз ги постигна двата гола за гостите, додека за домаќините стрелаше Жоао Невеш.

ПСЖ е актуелен шампион на Лигата на шампионите, а овојпат, патот во одбраната на титулата не започна лесно. Меѓу предизвиците беше и претходниот пораз од Баерн, што ги принуди да одат во плејоф за осминафиналето, каде го совладаа Монако. Со влезот во нокаут-фазата, продолжија со доминантната игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најпрвин го совладаа Челзи со вкупни 8:2, а потоа и Ливерпул со 4:0. Баерн, за кој многумина веруваат дека е главен фаворит за титулата, исто така, убедливо го обезбеди полуфиналето. Ја декласираа Аталанта со 10:2 во осминафиналето, и го победија Реал двапати со вкупни 6:4.

Како што покажаа резултатите, и двете екипи се познати по офанзивна игра и победи со значителна разлика. Баерн веќе ја обезбеди титулата во Германија, а ПСЖ е на добар пат во Франција, што им овозможува целосно да се посветат на Лигата на шампионите. Вториот полуфинален дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судија на УЕФА приведен поради сомнеж за сексуален напад врз тинејџер

Судија на УЕФА се соочува со сериозни обвинувања за сексуален напад врз младо момче, јавув…