Дома Останати Тенис Вавринка: Алкараз ќе биде подобар од Синер за десет години

Вавринка: Алкараз ќе биде подобар од Синер за десет години

Стен Вавринка има 40 години, на АТП листата се наоѓа на 129. место, но уште не се откажува од натпреварувања. Доби вајлд карта за мастерсот во Шангај, прв ривал ќе му биде Фабијан Марожан од Унгарија, а во второто коло тоа може да биде Тејлор Фриц.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некогаш третиот тенисер во светот не играл на АТП турнеја од јули во Умаг, во меѓувреме солидно играше на некои челенџери и сега повторно сака на големата сцена.

Руски Јутјуб канал направи брзо интервју со Швајцарецот. Веројатно најважното прашање се однесуваше на ривалството меѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер.

– Кој од нив двајцата ќе биде подобро рангиран на светската листа за десет години?

– Алкараз – одговори Вавринка, но не даде никакво објаснување.

– Кој ќе заработува повеќе за 20 години, тенисерите или јутјуберите?

– Јутјуберите.

– Дали ќе се брои тенисот исто како сега и за 30 години или ќе бидат направени измени?

– Тоа е многу далеку, но верувам дека ќе остане исто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дали крајот е блиску? На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило девет години!

Новак Ѓоковиќ не доживеал ваков голем пораз на Ролан Гарос цели девет години. Српскиот тен…