Дома Останати Ракомет Вардар убедлив против Алкалоид

Вардар убедлив против Алкалоид

Во рамките на почетокот на борбата за шампионската титула, Вардар на домашен терен го победи Алкалоид со завршниот резултат 34:26.

Клучната фаза во ракометната Суперлига беше одлично започната од страна на „црвено-црните“. Тие одиграа подобро во второто полувреме и заслужено го освоија натпреварот.

Најголема заслуга за победата на Вардар имаа Вуко Борозан, кој постигна девет голови, заедно со голманот Мигел Еспиња кој реализираше 14 успешни интервенции.

Најдобар стрелец кај тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов, кој постигна седум погодоци.

Фото: РК Алкалоид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ТБВ Лемго со сензационална победа против Фуксе Берлин

ТБВ Лемго приреди големо изненадување со победа над Фуксе Берлин од 37:36, додека Ерланген…