Дома Останати Ракомет Вардар му се реваншира на Кристијанштад и го презема врвот во групата

Вардар му се реваншира на Кристијанштад и го презема врвот во групата

Ракометарите на Вардар 1961 конечно им се вратија на победничките патеки и на домашен терен му се реваншираа на Кристијанштад, славејќи со убедливи 35-30 (17-16) во рамките на четвртото коло од Европската лига на ЕХФ.

Домашниот состав одигра далеку поцврсто и поагресивно во споредба со мечот во Шведска, а централна фигура во триумфот беше Дмитро Хориха, кој блесна со девет погодоци. Значаен придонес даде и Јака Малус со седум гола, додека голманот Милош Валах беше еден од скриените херои – се истакна со 15 одбрани и во клучните моменти го одржуваше темпото на Вардар.

Кај гостите најрасположени беа Мансел со девет и Нилсен со осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…