Дома Фудбал Вардар е нов шампион на Македонија! (Видео)

Вардар е нов шампион на Македонија! (Видео)

Вардар повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал, откако со минимална победа од 1-0 на гостувањето кај ФК Струга ја обезбеди шампионската титула во Првата лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардарци одлично го отворија натпреварот и уште во петтата минута стигнаа до водство преку Цветковиќ. Гостите продолжија офанзивно и до крајот на првото полувреме создадоа уште неколку добри можности, но не успеаја дополнително да ја зголемат предноста.

Домашниот тим заигра многу поагресивно во второто полувреме и се обиде да стигне до израмнување. Најопасен во нападот на Струга беше Малески.

По 32 одиграни кола, Вардар има 80 бодови, шест повеќе од Шкендија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах го избрал новиот клуб!

По девет години во Ливерпул, со бројни трофеи и срушени рекорди, Мохамед Салах го напушти …