Дома Останати Кошарка Уверлива победа на Бостон, Минесота подобра од Голден Стејт (Видео)

Уверлива победа на Бостон, Минесота подобра од Голден Стејт (Видео)

Актуелните шампиони во НБА, Бостон Селтикс, со уверливи 115:93 ги совладаа Њујорк Никси во Медисон Сквер Гарден и така стигнаа до првата победа во ова полуфинале од плејофот во Источната конференција на НБА лигата и го намалија заостанувањето на 1:2.

Така продолжува трендот во Источната конференција, каде и по шест одиграни натпревари во вториот круг, домашната екипа сè уште нема запишано победа. Откако Никс ги запишаа првите две победи, во двата натпревари ја надоместија разликата од 20 поени, Селтикс не им дозволија да го повторат тоа пред своите навивачи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Гостите од почетокот на дуелот систематски ја зголемуваа разликата па на крајот на првата четвртина имаа +16 (36:20), на полувреме +25 (71:46), а пред крај на трета четвртина и најголеми +31 (96:65). Колку и да се трудеа, Никс до крајот на дуелот не успеаја да спуштат заостанување под 20 поени.

Пејтон Причард со 23 поени беше најдобриот стрелец во победничкиот тим. Џејсон Тејтум со 22 поени, девет скокови и седум асистенции ја пополни статистиката. Џејлен Браун постигна 19 поени, а Дерик Вајт 17.

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс поведоа 2:1 против Голден Стејт Вориорс во полуфиналето на плејофот од Западната конференција на НБА лигата откако во третиот меч во Сан Франциско славеа со 102:97.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шекил О’Нил вложува во европски клуб – купи акции во Италија

Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри на сите времиња во светот на кошарката, ретк…