Дома Фудбал Уште еден македонски фудбалер може да се пресели во Шкотска!

Уште еден македонски фудбалер може да се пресели во Шкотска!

Дефанзивецот Бесир Исени е на чекор од нов предизвик во кариерата, а според најавите, можно е од наредната сезона да им се придружи на Бојан Миовски и Кристијан Трапановски во Шкотската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интерес за неговите услуги покажуваат повеќе клубови, а во преден план се споменува Хибернијанс, кој во моментов води битка за излез во Европа. Тимот има реални шанси да обезбеди место во квалификациите за Лига на Европа преку шампионатот, но и дополнителна можност доколку Селтик го освои националниот куп.

Исени моментално настапува за Дукаѓини, каде што се пресели во 2023 година од тим од Тирана. Неговиот договор истекува ова лето, што го прави примамлива опција за странските клубови. И покрај тоа што е пред 26-тиот роденден, тој сè уште чека деби за сениорската репрезентација, иако зад себе има настапи за младинската селекција на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси доби зелено светло од новиот тренер

Челси влегува во сосема нова ера откако е донесена конечната одлука за промена на тренерск…