Дома Фудбал Уништен новиот мурал на Модриќ во Задар (Фото)

Уништен новиот мурал на Модриќ во Задар (Фото)

Новиот мурал на Лука Модриќ во центарот на Задар, кај познатиот кафе бар, е уништен помалку од 24 часа откако беше откриено кого прикажува. Непознат сторител ги уништи главата и лицето на славниот фудбалер на сè уште недовршениот цртеж на фасадата на зградата и напиша навредлива порака за капитенот на репрезентацијата на Хрватска.

Задарскиот уметник Валентино Радман, кој го изработи муралот посветен на најславниот жител на Задар и го наслика во дресот на репрезентацијата на Хрватска, вака го коментираше случувањето: „Жал ми е што се случи ова во Задар“, пишува Задарски.

Лука Модриќ (39), капитен и најтрофеен играч на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, е роден во Задар. Во тој град го помина детството, а во ХНК Задар започна да тренира фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола во надополнувањето за спас: Јунајтед до 4:4, но остана во опасната зона!

Астон Вила двапати имаше предност од два гола, но Зиргзе и Доргу му донесоа бод на Јунајте…