УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска на „Максимир“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ХНС така ќе треба да уплати 24.500 евра во касата на УЕФА. Хрватите се казнети за фрлање предмети (13.500), палење факели (3.000) и блокирање скали (8.000).
Сето тоа се случи на 12 октомври во Загреб, кога Хрватите ги совладаа Шкотите со резултат 2:1 во Лигата на нации.
Хрватска неодамна беше поразена од Шкотска со 1:0 во Глазгов, па ремизираше 1:1 со Португалија во Сплит и на крајот успеа да се пласира од втората позиција во групата, зад Португалците, во четвртфиналето на Лигата на нации. .
На денешната ждребка за четвртфиналето за противник ја добија селекцијата на Франција.