Дома Фудбал УЕФА жестоко ја казни Црвена Звезда, најлошото сценарио е во игра!

УЕФА жестоко ја казни Црвена Звезда, најлошото сценарио е во игра!

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни денес Црвена Звезда со речиси 55.000 евра поради недоличното однесување на навивачите на натпреварот против Јанг Бојс во јануари во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Контролно етичката и дисциплинска комисија на Европската куќа на фудбалот го казни белградскиот тим поради расистичкото однесување на навивачите, пиротехника и поради недолични пораки за спортски настан, за време на натпреварот одржан на 29-ти јануари против Јанг Бојс во Берн.

Како што се наведува на веб-страницата на Европската куќа на фудбалот, Звезда е казнета со 20.000 евра и забрана за продажба на влезници на своите навивачи за следното гостување под закрила на УЕФА. Оваа забрана е условна на две години од денот на објавување на одлуката.

УЕФА ја казни Звезда со 6.750 евра поради пиротехниката и со дополнителни 27.500 евра поради недоличните пораки.. Вкупно клубот е казнет со 54.250 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …