Дома Останати Кошарка Уапсен бивш кошаркар на Партизан – се заканувал на полиција и ги малтретирал соседите

Уапсен бивш кошаркар на Партизан – се заканувал на полиција и ги малтретирал соседите

Поранешниот кошаркар на Партизан, Самардо Самјуелс, уапсен е во Италија. Тој правеше хаос со полицијата, со неговите соседи, а исто така со децата поради што мораше да биде уапсен откако и се закануваше на полицијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сѐ започна по повик од соседите што видоа „висок човек кој пие алкохол и пушта гласна музика во двориштето на зградата“. Брзо стигна инфомација дека се работи за познат кошаркар.

Самјуелс го пушти и своето куче да шета низ дворот што дополнително ги вознемири соседите. Полицијата брзо реагираше и го приведе Самардо.

– Јас сум шампион, не сум криминалец – извика Самјуелс, додека децата плачеа од страв кога видоа што се случува, а воедно и полицијата која доаѓа.

Ова не е негов прв голем инцидент и проблем со полицијата. И пред осум години се најде во центар на скандал поради тепачка околу паркинг место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ уште не сака да потпише со Денвер – има 724 милиони причини!

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќ…