Дома Останати Кошарка „Трејдот на Дончиќ е доказ за – модерното ропство“

„Трејдот на Дончиќ е доказ за – модерното ропство“

Германскиот репрезентативец и кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Денис Шредер, остро реагираше на трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лејкерс.

Размената во НБА лигата, која го испрати Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерси, а Ентони Дејвис во спротивната насока, и понатаму предизвикува бурни реакции.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шредер, кој неодамна од Бруклин Нетс премина во Голден Стејт, изнесе остар став за начинот на кој НБА тимовите располагаат со играчите.

Ова е модерно ропство. Иако имаш договор, сите можат да одлучат каде ќе одиш. Секако, заработуваме многу пари и можеме да ги издржуваме семејствата, но на крај, ако тие кажат ‘утре не оди на работа, испративме те на друго место’, тогаш тоа значи дека тие за сè одлучуваат. Тоа би требало малку да се промени“, рече Шредер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…