Дома Фудбал Toa e Ибра: Му се поклонија сите клубови во кои настапуваше

Toa e Ибра: Му се поклонија сите клубови во кои настапуваше

Шведската фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ вчера објави крај на кариерата, а за неговата големина зборува и податокот што доби честитка од секој клуб каде што настапуваше.

Кариерата Ибра ја започна во Малме, а во Интер настапуваше од 2006 година, но остана во добри односи со овој клуб и откако двапати го облекуваше дресот на градскиот ривал Милан. Во Италија играше и за уште еден гигант, Јувентус.

Можеби најразочарувачка беше неговата епизода во Барселона, меѓутоа и Каталонците не го заборавија. Шведскиот напаѓач ја почувствува и Премиер лигата во дресот на Манчестер Јунајтед, додека во Холандија настапуваше за Ајакс, а во Франција за Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…